На натпреварот меѓу Барселона и Еибар, кој се одигра во саботата, тренерот на Каталонците имаше намера во второто полувреме да го одмори Лео Меси, но тој ја одби одлуката да излезе од теренот.
Енрике го повика Меси да ја напушти играта, но по реакцијата на тренерот, Аргентинецот го одбил тоа. Најдобриот фудбалер на Барселона ги одигра сите 90 минути на овој натпревар, неговиот тим славеше со 3:0, а тој го постигна третиот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.