| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорче Петров доби спортски полигон

132335173

Општина Ѓорче Петров денеска доби спортски полигон со вградена посебна акрилна подлога. На пуштањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначаникот Сокол Митровски.

Спорсткиот полигон, како што истакна премиерот Груевски, може да се користи за фудбал, кошарка, ракомет, сервис и повеќе други спортови.

– Игралиштето е изградено по светски стандарди со вградена посебна акрилна подлога која на игралиштата им дава посебна убавина, посебна вредност и долг век на траење. Поставени се и рефлектори со што ќе се овозможи да се користи од раните утрински часови па се до доцна навечер – рече Груевски.

Инвестицијата чини околу 6,6 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top