Свесни сме дека транзицијата и затворањето на фабриките во минатото во голем обем ги истоштија македонските градови и дека не можеме наеднаш да ги решиме сите проблеми, но во исто време сме охрабрени од интересот за инвестирање во државата и од бројот на инвеститори кој постојано се зголемува, истакна премиерот Никола Груевски на поставувањето камен-темелник на ТИРЗ Виница.
Тој потсети дека во октомври 2006 година беше поставен камен-темелникот на првата голема инвестиција во поновата историја на Македонија, првата фабрика на Џонсон Контролс, која се градеше во првата ТИРЗ Скопје 1.
-Многумина тогаш беа скептични и се подбиваа со нашите намери да отвориме колку што можеме ТИРЗ-и во државата и да привлечеме голем број странски инвестиции. Денес Џонсон Контролс веќе има две фабрики во државата, две фабрики има и Џонсон Мети, своја фабрика има италијанската Технохозе, американската Кемет Електроникс, германската Кромберг и Шуберт, рускиот Протек груп, германската Дрекселмаер, белгиската Ван Хул… Се градат фабрики на италијанската ИТЕК и ДИАТЕК, на германската Техникал текстил, Технохозе гради втора фабрика, а за изградба се подготвуваат германскиот гигант ОДВ електрик, турската Менсан, украинската Енергија… Пред само два дена нова инвестиција најавија ирската компанија Етанол Јуроп Рињуабл и американската ДуПонт, а со уште многу други сме во фаза на разговори и интерес за инвестирање во нашата држава, истакна Груевски.
Реализацијата на инвестициите, подвлече, е резултат на напорната работа и долгогодишните активности за привлекување странски капитал во нашата земја. Една од мерките, додаде Груевски, е изградбата на ТИРЗ во државата, проект кој влегува во својата финална фаза. Во функција се зоните во Скопје и Штип, а во изградба се во Кичево, Прилеп, Гевгелија, Тетово, Струга, Радовиш, Струмица и Ранковце, додека денеска почнува изградбата во Виница и во Берово. Наскоро треба да почне и изградба на ТИРЗ во Делчево.
-Со тоа сите региони во државата ќе бидат покриени, а ние како Влада ќе имаме аргумент повеќе во привлекување на странските инвестиции, истакна Груевски.
Концептот за изградба на ТИРЗ, според вицепремиерот Пешевски, е дел од стратегијата за привлекување странски инвестиции што ќе овозможи подобар економски развој. -Концептот досега даваше резултати, бидејќи голем број компании дојдоа во зоните да инвестираат, рече Пешевски.
Министерот Незири смета дека ТИРЗ во Виница ќе донесе голем економски бенефит за жителите од оваа општина, а почнувањето на изградба на зона и во Берово ќе даде економско заживување и рамномерен одлижлив развој за целиот источен регион.
-На 21 хектар ќе бидат привлекувани инвеститори кои ќе вложат во отворањето на производствени капацитети што ќе значи и стимул повеќе за деловните субјекти од регионот, а ќе придонесе и за подобрување на нивната конкурентност, но и шанса која треба да ја искористат во воспоставување на соработка со компании во зоната нудејќи ги своите суровини, производи и услуги. Не смееме да заборавиме дека Виница и Кочани покрај со земјоделство може да се пофалат и со текстилна, прехранбена и дрвна индустрија. Оваа зона ќе биде одлична можност за македонските компании кои имаат намера да учествуваат во градбата, да конкурираат за избор и на тој начин потенцијално да придонесат за својот бизнис, рече Незири.
Сообраќајното поврзување на зоната со основната патна мрежа, според Мизо, се предвидува да се изведе со клучка во две нивоа со кои ќе се овозможи едноставно и безбедно исклучување и приклучувње на сообраќајните токови од и во планираниот автопат А3 делница Штип – Делчево.
-Во изградбата на ТИРЗ Виница ќе се применуваат современи стандарди за внатрешната патна мрежа, водоводната и канализациската инфраструктура, електроенергетскиот систем и телекомуникациите. Ќе се почитуваат и еколошките, безбедносните и другите задолжителни стандарди за функционирање на зоната, додаде Мизо.
ТИРЗ Виница и Берово со целосно изградената и развиена инфраструктура, тој нагласи дека ќе можат да ги понудат сите потребни услови и поволности на потенцијалните инвеститори.
-Со преземените реформи за подобрување на бизнис-климата и поттикнувањето на економскиот развој на државата веруваме дека во ТИРЗ-овите во иднина свое место ќе најдат голем број инвеститори, додаде Мизо.
Изградбата на зоната во Виница, според градоначалникот Димитриев ќе значи подобри услови за нови инвестиции и отворање нови работни места. -Локацијата се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Виница, Кочани и Зрновци и ќе нуди вработување за жителите од трите општини. Отворањето нови работни места е единствен начин да ги вратиме нашите сограѓани кои отидоа на печалба во другите земји, истакна Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски