| четврток, 6 декември 2018 |

Уште има чесни луѓе: Нашол 110 илјади евра и му ги вратил на сопственикот

evra1

Србинот Игор Пауновиќ од Кладово е централна личност во сите регионални медиуми, откако во својот дуќан пронашол торба со 110 илјади евра и му ја вратил на сопственикот.

– Беше крај на работното време, ја забележав торбата и не ја отварав бидејќи не е моја. Се сетив дека му припаѓа на клиентот кој остави број од својот телефон за да му ја испорачаме купената врата – вели Пауновиќ.

Сопственикот на торбата, во која имало 10.000 евра во готово и штедна книшка со уште 100 илјади евра, како и лични документи и картичка за банкомат, Радомир Радосављевиќ веднаш дошол до дуќанот. Тој не можел да поверува дека торбата му е вратена.

-Кога тргнав од продавницата на Игор тргнав кон дома и воопшто не забележав дека сум ја заборавил торбата. Во еден момент ми заѕвони телефонт и Игор ме побара да се вратам во неговата продавница и дури тогаш сфатив дека ми ја нема торбата. Немам зборови колку сум благодарен. Игор ми ја врати вербата во луѓето и нивната чесност – рекол Радомир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top