| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен Македонец во близина на Нови Сад

pekara_sloboda_begec_600_1

Македонецот Слободан Стојановски е убиен во Бегеч, Србија, пишуваат српските медиуми.

„Пекарот од Бегеч, населба во близина на Нови Сад, беше убиен минатата ноќ“, потврди полицијата.

Неофицијално, неговото безживотно тело, до смрт избодено со нож, беше откриено во куќата.

Пекарот со децении имал пекарница во Бегеч, каде што живеел уште од раѓање.

Според директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, уапсени се повеќе лица, меѓу кои е и убиецот на Стојановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top