| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го поправите односот и да се сакате уште повеќе!

раце
Ако вашиот емотивен однос може да се опише како безлична рутина и монотонија, присетете се на ентузијазмот после страсен бакнеж и слаткото треперење во текот на првото држање за рака..

Внимателно слушајте

Нормално е дека нема да ве фасцинираат сите негови интереси, но посветете му малку време и слушајте го за раоти кои нему му се многу важни. Кога се заинтересирате за теми кои досега сте ги избегнувале, вашиот сакан и вие ќе почувствувате поголема блискост.

Забележете на него нешто ново

Дајте му комплимент за нешто што досега не сте го спомнале. Кажете му дека изгледа кул со пена за бричење на лицето или дека има најдобар рецепт за спремање на некое јадење. Тоа сигурно ќе му се допадне. Со текот на времето, паровите по правило престануваат да ги приметуваат позитивните и добрите детали. Потсетете се на старите и откријте ги новите за да станете повторно свесни за силата на својата љубов.

Изненадете го со секси прегратка

Ако своето момче најчесто само го бакнете кога се вратите дома од работа или пред излегување во град, за промена, додајте на тој момент примеси на сензуалност и почастете го вашиот сакан со драга, цврста прегратка. Останете споени барем дваесетина секунди, а потоа благо тргнете се и погледнете го во очи, во кои ќе се читаат редови на реална љубовна бајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top