Навивачките групи на Албанците во Албанија, но и оние кои живеат на Косово и Метохија и во Македонија се „борат“ за „авторство“ и заслуга за кревање на знамето на „Голема Албанија“ на стадонот на Партизан во Белград за време на мечот Србија-Албанија, кој поради провокацијата беше прекинат во 42.минута.
Навивачката група „Црвена Јабука“ од таканаречената Прешевска долина испратила писмо до агенцијата Наше Прешево ви кое, како што пишува агенцијата, презема одговорност за кревањето на хеликоптерот – патриот Apaći Flag-Made in Albania во Белград.
– Не сакавме јавно да настапиме, но, ете, решивме анонимно да објавиме дека она што се случи во Белград на мечот Србија-Албанија беше наше дело, на нашите навивачи од Прешево – се вели во писмото.
Инцидентот, како што кажале, бил испланиран уште кога се извлечени паровите и кога дознале дека албанската репрезентација ќе се сретне со српската репрезентација, зошто „им бил познат менталитетот на српската држава и тензиите кои владејат меѓу Србите и Албанците.
Знаеле, кажуваат, дека нема да можат да присуствуваат на натпреварот и поради тоа сами ги собрале неопходните средства за оваа кација да биде „успешно изведена.
Како причина за ваквата постапка го наведуваат фактот дека не можеле да бидат дел од мечот, потоа неодамнешното симнување на споменикот во Прешево, како и како што велат, систематската дискриминација на луѓето од „Прешовската долина“ и пасивноста на политичарите кон таквата состојба.
-Се надеваме дека ви се допадна, а на оние другите кои се фалат дека тие го направиле тоа и порачуваме БРАВО – стои на крајот на писмото на навивачката група од Прешовската долина.
Албанскиот портал Балканвеб ги пренесува косовските медиуми кои објавиле дека зад инцидентот стојат неколку албанци од Швајцарија, но и дека „Етничка Албанија“ заедно со ликовите на Исмаил Џемаили и Иса Бољетинисмаи среде Србија го направиле тројца албански хакери од Македонија.
На социјалните мрежи кружи фотографија која, според толкувањето на албанските медиуми, фрла сомнеж дека раката која го подигна знамето во Белград припаѓа на групата навивачи „Шверцери“ од Скопје.
Тие на фејсбук со натпис „Селам (поздрав) од Скопје“, објавија фотографија од момче кое се вика Агрон Садику, кој наводно бил еден од организаторите кои го поклониле хеликоптерот за оваа „мисија“
Неодамна на интернет се појави и снимка од подготовките пред појавувањето на знамето. според видео-записот личноста која се подготвила за кревање на знамето припаѓа на навивачката група „Балисти“ од Тетово.
Новинарот Фарук Ташоли за Телеграф рекол дека албанското знаме над Белград го подигнале албанците од Косово, кои живеат во Швајцарија, но сакаат да останат анонимни. Новинарот тврди дека се познава со еден од нив и дека му се јавил на телефон и кратко разговарале по случувањата во Белград. Но пријателот го замолил да не го спомнува неговото име и името на неговиот пријател, со кој често патуваат низ Србија. Сметале дека би имале проблеми во иднина да патуваат низ Србија.
-Кога се слушнавме веќе влегуваа во Хрватска и веќе немаше опасност – вели Ташоли.
Навивачката група Navijačka grupa Tifozat Kuq e Zi (црвено-црни) на својата Фејсбук страница закачи клип на кој еден од навивачите прво го шири знамето поради кое беше прекинат мечот, а потоа го става во јакна преку скинатата постава.
Во коментарите под видеото се коментарите за поддршка на навивачите.
Приштински Експрес пишува дека такво знаме е видено ден пред натпреварот во паркот Грмија во Приштина. Не се знае дали е познато дали се работи за истото знаме, или се работи за идентичен дизајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.