| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Цетински доаѓа во Скопје

Најпопуларниот хрватски пејач Тони Цетински на 28 ноември доаѓа во Скопје. На својот прв и најголем солистички концерт во Македонија, во организација на продукција „План Б“. Македонија во 2005 година имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката песна „Лагала нас мала“.

Во 2007 година Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и со Хозе Карерас, а во 2014 година сцената во Скопје ќе ја подели со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена ја снимија заедничката песна со Жељко Јоксимовиќ, „Заблуда“, уриваат рекорди на слушаност во регионот.

604x320_1572-Toni_Cetinski_i_Zeljko_Joksimovic

„Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се само мал дел од хитовите што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински.

Цетински за концертот во Скопје најавува и оперски елементи, голем оркестар кој ќе го придружува, хумор, глума, но пред сѐ музички интензитет во кој ќе уживаат сите генерации.

spek-cetinski

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба в понеделник (20 октомври), по цена од: партер стоење – 400 денари, трибина – 600 денари, фанпит – 600 денари и ВИП – 1200.  Оваа промотивна цена на влезниците останува до 16 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top