Перо Антиќ и Атланта Хоукс го добија тимот на Мајами Хит со 109:103 во претсезонскиот натпревар.
Најдобар кај Јастребите беше Пол Милсап со 23 поени, а во тимот за прв пат по сериозната повреда од 26 декември се појави и Ал Хорфорд кој имаше одлична партија.
Перо Антиќ одигра солидна партија со маска на лицето поради скршениот нос. За 11 минути поминати на паркетот постигна 9 поени, а имаше и три скока и една украдена топка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.