Албански знамиња, пукотници од различни видови оружја или петарди, возила обележани во боите на Албанија и интензивна употреба на автомобилските свирки може да се забележи вечерва низ дел од скопските и тетовските улици.
Дел од македонските Албанци вечерва слават нешто поврзано со фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентацијата на Србија и Албанија но не е јасно што.
Запрашани што прославуваат група млади Албанци велат дека се прославува настапот на Албанската репрезентација во Србија но не можат да кажат точно што точно е причина за прославата.
Тие не можат да кажат дали прославуваат за прекинот на мечот, за тоа што албанското знаме слета на теренот на стадионот на ЈНА, за тепачката меѓу играчите или пак за можноста мечот да биде добиен од Албанија со службен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)