| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Откако заминале гостите младоженец ја убил невестата, па потоа и себеси

svadba

Во Индијана, САД, се случила крвава свадба. По вечнавката на анестезиологот Џоер Самсон и медицинската сестра Кели Екер откако заминал и последниот гостин настанал масакр. Според сведочењето на сватовите, двојката почнала необично да се однесува штом си ги размениле брачните заклетви, а до крајот на прославата престанале да си зборуваат.

Штом си заминал и последниот гостин, настапила жестока кавга.

Кели прв пат повикала полиција во 1:25, кога успеала да им ја даде адресата. Минутка подоцна повторно се јавила и рекла “Ме претепа“ и “Тој е вооружен“, а третипт пат кога повикало се слушнало само “О Боже“ и звук на пукање.

Полицијата дошла до куќата во Индијана каде во собата ја пронашле мртвата Кели Екер, а Самсон извршил самоубиство во подрумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top