| четврток, 6 декември 2018 |

„Бела ноќ“ го раздвижи Скопје

Bela Nok 2014 (10) (Large)

„Бела ноќ“, културната манифестација на која бесплатно се отворени вратите на музеите, концертите, изложбите го раздвижи вечерва Скопје.

Bela Nok 2014 (9) (Large)

На повеќе од 10 сцена можеа да се слушнат разни видови музика – хип-хоп, метал, класична музика и хорско пеење. Во кино „Милениум“ е во тек филмскиот маратон каде што гледачите бесплатно може да ги погледнат филмовите.

Bela Nok 2014 (8) (Large)

Со ретроспективна изложба по повод еден век од раѓањето на сликарот и карикатурист Василие Поповиќ-Цицо, основоположник на македонската сценографија, вечерва во галеријата Даут-пашин амам официјално беше отворена десеттата  манифестација „Бела ноќ“.

Bela Nok 2014 (5) (Large)

Организатор е Град Скопје и се вклучени културните институции под негова надлежност и национални установи, кои ќе примаат посетители до раните утрински часови. Покрај домашни уметници, ќе има и гости од Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и од сите балкански земји.

Bela Nok 2014 (6) (Large)

Цела ноќ за посетителите ќе бидат отворени и вратите на Музејот на современа уметност, Галеријата на МКЦ, галериите „Грал“, „3М“, „Арте“, „Галерија 8“, Музеј на Град Скопје, Културно-информативниот центар, Универзална сала…, како и кино „Милениум“ со 24-часовен филмски маратон од 11 часот.

Bela Nok 2014 (1) (Large)

Настаните се бесплатни за посетителите, како и автобусите на ЈСП кои  вечерва од 19 часот бесплатно превезуваат кон Центар.

фото: А. Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top