Модите патлиџани не се користат само за мусака или за зимница (мали модри патлиџани, со морков, целер и лук се вистинско уживање), туку често пати се користат и за полнење. Ви предлагаме да ги направите со мелено месо, пченка и грашок.
Состојки:
500 грама мешано мелено месо
250 грама пченка
2 големи модри патлиџани
1 главица кромид
2 чешниња лук
4 зрели домати
100 грама грашок
100 грама сирење
Оригано, сол, бибер, маслиново масло
Подготовка:
Доматите прелијте ги со врела вода, извадете им ја кората и исечкајте ги на коцки. Потоа исчистете го кромидот и насечкајте го на коцки.
На загреаната тава во која сте ставиле маслиново масло, сипајте го кромидот да се пржи. Кога ќе омекне и ќе се карамелизира, додајте го месото, па потоа пченката, грашокот, доматите. Посолите и оставете ја оваа смеса полека, на тивок оган да се готви.
Кога пченката ќе омекне, смесата која се готвела е готова.
Модриот патлиџан пресечете го на половина. Со лажица исчисете ја внатрешноста на модриот патлиџан и потоа наполнете со смесата од месо.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава за печење ставете хартија за печење, па потоа ставете ги патлиџаните. Попрскајте со маслиново масло и ставете ги во рерна да се печат дваесетина минути, односно додека не омекнат патлиџанитте. Потоа, извадете ја тавата и на патлиџаните изрендајте сирење и врратете ги назад во рерна додека сирењето не се стопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.