| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкрософт го скокна Виндоус 9 со причина

win 10Мајкрософт го откри новиот оперативен систем Виндоус 10 (Windows 10), иако многумина го очекуваа бројот 9.

Но се чини дека постои причина за тоа. Според, како сам се прикажува, програмер вработен во Мајкрософт, преку социјалните мрежи посочил дека постои „линија на код“ која би можела да прави забуна во компјутерот доколку компанијата одлучила ОС да го добие редниот број 9.

Компанијата открила дека некои програмери поставуваат линија на код која проверува која верзија на Виндоус користи компјутерот. Кодот проверува со кој број почнува верзијата на оперативниот систем, па доколку почнува со 9, може да дојде до забуна дека се работи за Виндоус 95 или 98.

Секако дека ова тврдење на социјалните мрежи се зема со резерва, особено што и програмерот вели дека се работи за „тврдење низ ходниците во компанијата“. Од друга страна, официјално, Мајкрософт нагласи дека Виндоус 10 е многу повеќе од „проста надоградба“, па преминот на бројот 10 била „логична“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top