| четврток, 6 декември 2018 |

Анализи: Путин и воената парада нема да штетат на српските интеграциите

nikolic putinПрисуството на Путин на воената парада во Србија, закажана на 16 октомври не би требало да има влијание во дипломатските кругови, ниту пак нма евроинтеграцијата на земјата, сметаат српски дипломати.

Тие се потпираат на фактот дека ниту ЕУ нема единствена став за односите кон Русија па затоа очекуваат разбирање за Србија. Истовремено додаваат дека „дисонантните тонови врзани за идеолошката основа за парадата“ кои се слушаат низ Белград, немаат политичка тежина за да се растурат односите со Русија.

Душан Симеуновиќ, амбадасадор во пензија, смета дека воената парада и повикувањето на Путин е „рефлексија на добрата и умерена“ дипломатија на земјата која ги следи своите политички и економски интереси.

-Кога многу посилни држави имаат резервиран однос кон санкциите кон Русија, немаме причина ние да служиме на туѓи интереси- додава амбасадорот кон не гледа во тоа пречка за евроинтеграциите.

Сепак, околу дел од ставовите кај српската јавност, дека во иднина на ваквите паради би требало место да се најде и за „четнички обележја“, ги смета за нонсенс.

Дипломатот Душан Лазиќ, член на српскиот Форум за меѓународни односи, не смета дека воена парада е дел од стандарден протокол при дочек на странски државници, но пак додава дека „сега е разбирливо заради поклопувањето со одбележувањето на 70 годишнината од ослободувањето на Белград“.

Дипломатот додава дека воената парада нема сериозно да влијае на односите со ЕУ и покрај чувствителноста во односите меѓу Русија и западот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top