ТТК Банка отвори нова експозитура во Скопје, во населбата Карпош 3, како петта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.
Новата експозитура во населбата Карпош 3, се наоѓа на булевар Партизански одреди бр.62/2-17 Скопје и ќе работи од понеделник до петок, од 8 до 16 часот.
Корисниците на ТТК Банка имаат можност да добијат брза и квалитетна услуга при извршување на универзалните банкарски активности: кредитирање физички и правни лица, платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, депозитно работење и други.
Актуелно, ТТК Банка за своите корисници нуди особено поволни услови за потрошувачките и станбените кредити за физички лица, како и атрактивни услови за електронското банкарство.
Во Банката се достапни бројни производи и услуги за поттикнување на растот и развојот на малите и на средните претпријатија.
На територијата на Р. Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 34 деловни единици: 7 филијали, 23 експозитури, 4 шалтери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.