Поранешниот директор на интернет-технологиите Дон Мелтон и поранешниот директор на ИОС апликациите Нитин Гинатра откриваат колку многу бараат шефовите на „Епл“.
Вработените добиваат мејлови во 23 часот од своите шефови и од нив се очекува во истиот момент да одговорат.
Мелтон тврди дека недела навечер е работна за секој вработен, бидејќи менаџерите се среќаваат следниот ден. – Покрај себе имате мобилен телефон, седите пред компјутер и воопшто не е важно дали во вашиот живот имате нешто поважно или сакате да ја гледате вашата омилена серија – вели Мелтон.
Но, само една тв-серија давала слободни часови.
– Имате еден слободен час за време на серијата „Сопранови“, бидејќи тогаш нема да ви здодева Скот Форстал, бидејќи тој ја гледа таа серија. Тогаш може да отидете во тоалет или да разговарате со семејството – додава тој.
Слободното време не им е скратено само на инженерите или менаџерите.
– Кога слушате приказни за тоа дека Тим Кук, извршниот директор на компанијата доаѓа рано наутро и останува до доцна, тоа не се приказни кои ги пласира некоја агенција за односи со јавност. Тоа навистина е така. Тие луѓе се луди. Тие навистина работат сето време. Мислам дека Кук спие три часа дневно – вели Гантра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.