Лесна задача имаше Арсенал вечерва против Галатасарај и со победа од 4-1 ги испрати во Истанбул, Горан Пандев и соиграчите, во меч што беше во фокусот во завршницата од второто коло во ЛШ покрај дербито Атлетико Мадрид и Јувентус, што го доби актуелниот шпански првак со 1-0.
Дани Велбек блескаше на „Емирејтс“ во Лондон и со 3 гола го потона Галатасарај. Арсенал водеше и со 4-0, но Јилмаз од пенал го постигна почесниот гол за гостите, откако Шчесни беше исклучен.
Во Мадрид, Арда Туран со погодок во 75. минута му донесе значајна победа на Атлетико против Јувентус, а со идентичен резултат Базел го победи Ливерпул. Лудогорец дебититраше во ЛШ на домашен терен во Софија, а одигра храбро против апсолутниот фаворит Реал Мадрид и покрај поразот од 1-2. Бугарскиот тим за првпат игра со европскаиот крем, а ова им беше „сефте“ на домашен терен. Баер Леверкузен со 3-1 ја победи Бенфика, а нерешено без голови заврши дуелот меѓу Зенит и Монако. Малме на домашен терен го совлада Олимпијакос со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.