Германскиот актуелен шампион Баерн Минхен славеше минимална победа со 1:0 против ЦСКА Москва.
Во воведниот натпревар од 2.коло на фудбалската Лига на шампиони, одигран попладнево во Москва, пред празни трибини, Баерн до победата стигна со голот на Томас Милер од пенал во 22 минута.
Ова беше натпревар од групата Е во која вечерва ќе играат Манчестер Сити – Рома во терминот од 20 часот и 45 минути, за кога е закажан и почетокот на останатите натпревари, а двојките се:
Група Ф: ПСЖ – Барселона и АПОЕЛ – Ајакс.
Група Г: Спортинг Лисабон – Челзи и Шалке – Марибор.
Група Х: Шахтјор – Порто и Бате Борисов – Атлетик Билбао.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.