На прес-конференцијата раководството на социјалната мрежа „фејсбук“ во Калифорнија соопшти дека од први ноември на корисниците на „фејсбук“ ќе им се наплаќа по 2,99 долари месечно (143 денари). До вакво решение дошле поради константните трошоци кои ги има фејсбук како сајт, кои се многу поголеми од придобивките.
„Доколку корисниците на фејсбук сакаат сајтот сѐ уште да постои, мора да ја плаќаат оваа чланарина. Жалиме што дојдовме до ваква одлука, меѓутоа не постои никаков друг начин како да опстанеме како сајт“ – изјави Марк Цукерберг.
На ваквата информација најмногу се израдуваа акционерите на фејсбук, кои изјавија дека доколку барем 70% од 1,317 милијарди корисници ја платат чланарината, тоа би значело дека не само што сајтот ќе опстои него ќе можат да се направат и многу новитети на него, а и воедно тие побргу ќе си ги исплатат кредитите за имотите што ги поседуваат.
Од фејсбук, исто така, изјавија дека разбираат дека постојат луѓе кои не можат да си дозволат 143 денари да плаќаат за чланарина, па за нив ќе постои посебна опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.