| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени 17 илегалци во вчерашната акција на Железничка

Седумнаесет странски државјани се приведени вчера во полициската станица во Аеродром, во акцијата што вчера околу 11 часот беше спроведена на новата железничка станица Скопје.

На шест сириски државјани, по нивно барање, им е дадено да пополнат барање за признавање азил и ќе бидат сместени во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово, а другите авганистански државјани ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.

Во групата нема жени и деца, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top