| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен бискуп влезе меѓу кардиналите што ќе избираат нов папа

Германецот Ралф Напјерски, претстсавувајќи се како бискуп во неделата, успеал да влезе меѓу високите претставници на католичката црква кои се собраа во Ватикан за да изберат нов поглавар. Натрапникот е снимен како се поздравува со кардиналите во моментите кога пристигнувале на конклавата.

Измамата била откриена многу брзо затоа што припадниците на ватиканската гарда забележале дека неговиот виолетов појас и другите детали на облеката не биле прикладни, па го исфрлиле од просторијата. Додека да го забележат, тој успеал и да разговара со новинарите, на кои им се претставил дека се вика Басилијус и дека доаѓа од непостојна италијанска православна црква. На медиумите им изјавил дека католичката црква направила голема грешка што дозволила свештениците обвинити за педофилија да се преместат во друга парохија и да се заташкаат скандалите наместо да се соочат со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top