Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Рафаел изјави дека би сакал засекогаш да остане на „Олд трафорд“.
– Сакам да останам засекогаш овде, ако тоа е возможно. Тоа сега зависи од мене, морам добро да играм. Сакам да останам. Кога дојдов, многу играчи ми помогнаа, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил. И јас сакам така да им помогнам на младите играчи кои сега доаѓаат – изјави Рафаел.
Бразилскиот фудбалер во Јунајтед дојде во 2008 година, а дебитираше на натпреварот против Квинс Парк Ренџерс.
– Навивачите во Манчестер се едноставно добри на секој натпревар, дури и ако загубиме тие и понатаму пеат. Ги сакам тие навивачи – додаде Рафаел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


