| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони: Милан повторно ќе биде најдобар

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони денеска изјави дека неговиот клуб за најмногу три години повторно ќе биде најдобар на светот.

– Од 2003 до 2007 освоивме се што можеше да се освои на светот, а и понатаму сме еден од најтрофејниот светски клуб. Кога ќе направиме уште посилен состав од сегашниот, верувам дека за две со три години ќе се вратиме на врвот. Сакам Милан повторно да биде најдобар во Италија, Европа и во светот, истакна Берлускони.

Милан добро стартуваше во новата сезона од Серија А. По две одиграни кола има две победи, а вечерва против Јувентус го игра првото големо дерби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top