| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени неколку шефови од Царина

Во заедничка акција на полицијата и Царина, денеска приведени се неколку шефови на царински испостави и две лица кои не се вработени во Царина, а кои се товарат за помагање.

Уапсените ја злоупотребиле својата службена положба и осомничени се дека краделе од складот каде се чуваат одземени предмети, за кои се води постапка. Дел од повредните предмети, уапсените цариници ги заменувале со фалсификати.

Повеќе детали за акцијата се најавени за утре.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top