| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и петтиот роденден прославен со новиот суперспортски автомобил

Ја­пон­ска­та авто­мо­бил­ска ком­па­ни­ја „Маз­да“ ја прос­ла­ви 25-го­диш­ни­на­та од пр­во­то про­из­водс­тво на „MX-5“ со прет­ста­ву­ва­ње на со­се­ма но­ви­от авто­мо­бил во Мон­тре­ал

Овој авто­мо­бил спо­ред мно­гу ра­бо­ти се раз­ли­ку­ва од не­го­ви­от прет­ход­ник. Но­ва­та ге­не­ра­ци­ја „MX-5“ е по­кра­тка за 105 ми­ли­ме­три од прет­ход­на­та, по­ни­ска за 20, а по­ши­ро­ка за 10 ми­ли­ме­три. Со ко­ри­сте­ње по­лес­ни и поц­вр­сти ма­те­ри­ја­ли за­се­га авто­мо­би­лот не­о­фи­ци­јал­но е по­ле­сен за око­лу 100 ки­ло­гра­ми.

По­го­нот е на зад­на­та оска, а за прид­ви­жу­ва­ње на овој спорт­ски уба­вец за­се­га се за­дол­же­ни са­мо два мо­то­ра. Два­та мо­то­ра ко­ри­стат бен­зин ка­ко по­гон­ско го­ри­во и се со ди­рект­но вшпри­цу­ва­ње.

Mazda-MX5-5-2

Пос­ла­би­от 1,5-ли­тар­ски мо­тор ќе раз­ви­ва око­лу 140 коњ­ски си­ли и ќе ко­ри­сти тур­бо­пол­нач. По­сил­ни­от мо­тор е 2,0-ли­тар­ски и офи­ци­јал­но е пре­зен­ти­ра­но де­ка ќе раз­ви­ва 200 коњ­ски си­ли и ќе ги за­до­во­лу­ва вку­со­ви­те на си­те вљу­бе­ни­ци во во­зе­ње­то спорт­ски ка­бри­о­лет.

За пре­но­сот на си­ла­та од два­та мо­то­ра е за­дол­жен ше­сто­сте­пен ма­ну­е­лен ме­ну­вач. Из­во­нред­ни­те ди­на­мич­ки ка­ра­кте­ри­сти­ки на авто­мо­би­лот оси­гу­ру­ва­ат зна­чи­тел­но ни­ско те­жи­ште и оп­ти­мал­на рам­но­те­жа на две­те оски, ко­ја е во со­од­нос 50-50 про­цен­ти, што е по­стиг­на­то со по­зи­ци­о­ни­ра­ње на мо­тор на­на­зад кон пат­нич­ка­та ка­би­на.

Од „Маз­да“ нај­а­ву­ва­ат де­ка пр­ви­те мо­де­ли од про­из­водс­тве­ни­те лен­ти на фа­бри­ка­та ќе из­ле­зат на по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на.

Mazda-MX5-5-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top