Ветувањата пред граѓаните за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ претставуваат закон по кој ќе се ориентираат и во иднина и со повеќе од 10 илјади нови проекти во 70 општини тие ќе ја бараат довербата од граѓаните за претстојните локални избори. Ова беше соопштено вечерва во Охрид, од каде што почна кампањата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Повеќе од 25 илјади луѓе присустуваа вечерва на митингот каде што беа презентирани проектите на владејачката коалиција.
– Во овие програми, ќе сретнете прецизни и конкретни проекти за секоја општина, кои се со веќе обезбедена финансиска конструкција. ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата, на сите избори настапува со свои програми кои содржат издржани проекти кои можат да се исполнат и се исполнуваат, а не нереални ветувања, за што доказ се и отчетите на сработеното што ги изготвуваат сите општини и партијата, со цел да ги запознаат граѓаните за досегашните активности и степенот на реализација на ветеното. Се што работиме и се што се обврзуваме дека ќе работиме е ставено на виделина – изјави шефот на Републичкиот изборен штаб, Никола Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


