| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото смрзнал од студ, ама со своето тело ја спасил ќерка си

sneg

Микио Окада од Јапонија смрзнал од студ додека се обидувал да ја заштити својата деветгодишна ќерка од снежното невреме на островот Хакаидо.

Микио е еден од деветте починати од студ, а јапонските власи извесија дека на островот температурите биле шест степени под нулата, а ветерот што дувал бил со брзина од 109 километри на час. На Микио автомобилот му останал затрупан во снег на патот до училиштето. Поради тоа, таткото и ќерката решиле да излезат од автомобилот и да продолжат пеш до училиштетот кое било одалечено еден километар. Снегот и ветерот ги завеал, а спасувачките служби ги нашле таткото и ќерката во прегратка, 300 метри од автомобилот. Веднаш биле префлени во болница. Таткото починал од студ, а ќерката, која преживеала од неговата топла прегратка добро заздравува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top