Доаѓањето на новиот ајФон отвори пат на хакерите да направат нови малверзации. Имено, веднаш се појавија две нови измами на „Фејсбук“: во една добивате на подарок iPhone 6, а во друга ве повикуват да гледате гнасно видео, јави „Abc7chicago“.
Значи, ако налетате на молба да лајкнете некоја страница, пополните анкета и да го споделите тоа, затоа што после тоа ќе добиете светлуцав iPhone – не наседнувајте.
Втората измама вклучува видео, кое ве повикуват да видите како мажот ја отсекува главата на својата жена, затоа што бакнала друг. Доколку „налетате“ на вакво или слично видео, не кликајте, затоа што вирусот прво ќе бара од вас да инсталирате plug-in, кој ќе ви го зарази компјутерот.
Веќе четири илјади луѓе наседнаа на овие измами. Немојте да бидете следната жртва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.