Актерот Жерар Депардје може дневно да испие меѓу 12 и 14 шишиња алохол, но има голема амбиција во Русија да произведува биовотка.
Во интервју, кое го пренесува „ИТАР ТАСС“ тој вели дека биовотката ќе има само 40 отсто алкохол и ќе биде подготвена од еколошки чисти содржини и ќе има изворска вода. Свесен е дека ќе има голема конкуренција на рускиот пазар.
На прашањето колку тој може да испие, тој вели:
– Ако почнам да пијам, а јас не пијам како нормален човек, може да испијам меѓу 12 и 14 шишиња да ден. Лекарите ме прашуваат дали е вистина. Па, да, се случува – вели Депардје во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.