| четврток, 6 декември 2018 |

„Вибер“ воведува видеоповици

Мобилната апликација за пораки „Вибер“ воведува нова услуга, со која се овозможува спроведување видеоразговори за верзиите за андроид и за ајОС.

Досега најквалитетната надградба ќе им овозможи на корисниците да воспоставуваат видеоповици на нивниот смартфон, слично како во понудата на „Скајп“. Исто така, корисниците ќе може да го префрлат видеоповикот од смартфонот на десктоп компјутер доколку ја имате инсталирано бесплатната програма на „Вибер“.

Според Извршниот директор на компанијата, Талмен Марко, услугата е доволно моќна за да поддржува видеоповик дури и при најмала базна мрежна конекција, но нагласува дека при слаб сигнал не може да се очекува висок квалитет.

Верзијата „Вибер 5.0“ обезбедува и QR кодови за споделување информации. Во случај да сакаме да размениме контакт со некого е доволно само да го скенираме кодот со нашиот телефон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top