Хроничната болка во грбот е се почеста здравствена болка која го намалува квалитетот на живот, како и уживањето во сексот, но канадските научници од Универзитетот Ватерлу тврдат дека постои секс-поза која нема да ја зголеми болката или да го зголеми ризикот од повреди.
Спротивно на врежаното мислење, тоа не е позата “лажица” во која двајцата љубовници лежат на страна, туку класичната “кучешка” поза, пишува “Дејли меил”.
Научниците го анализирале влијанието на разните секс-пози врз оптеретувањето на грбот користејќи инфрацрвена камера и електромагнетен систем во пет разни позиции.
“Паровите често се откажуваат од секс од став дека една ноќ уживање ќе им донесе една недела болки и агонија, но со зголемена претпазливост не постои причина да се откажат од сексот”, изјави лидерката на истражувањето, Натали Сидоркевиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


