| четврток, 6 декември 2018 |

Нов опасен вирус на Фејсбук „Private leaked xxx video“

Нов опасен вирус во вид на линк со наслов „Private leaked xxx video“ се шири на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во линкот ќе се појави и порака која ве повикува да ја погледнете порнографската снимка, а опасноста од вирусот постои само ако ја отворите конкретната содржина.

Оние најљубопитните по кликот на линкот ќе бидат пренасочени кон канал сличен на оној на YouTube кој ќе побара инсталирање на Flash player. Вирусот ја користи ситуацијата со неодамнешното протекување на видеа и фотографии од познати личности за да привлече внимание.

Повеќе од 2 милиони корисници веќе го пријавија несаканиот ефект на вирусот, а претпоставките се дека се работи за вирус Тројанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top