Градот Скопје утре и задутре во период од 7 до 17 часот воведува привремен сообраќаен режим на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.
Привремениот режим, информираат од Градот, се воспоставува поради изведба на попречни прекопи за поставување подземна инсталација.
Оттаму ги молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


