До крајот на годината во Русија ќе се појави прецизна воена доктрина, условена од надворешнополитичките фактори- ширењето на НАТО, противракетната одбрана и ситуацијата во Украина, најави денеска заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Михаил Попов. Тој наведе дека во Советот е формирана привремена работна група за подготовка на предлог за измени во воената доктрина усвоена во 2010 година.
– Не се сомневам дека прашањето за приближување на воените инфраструктури на земјите-членки на НАТО до границите на нашата земја, како и ширењето на тој блок, ќе го зардржи местото како една од надворешните воени опасности за Русија, посочи Попов.
Тој истакна дека се поотворен е стремежот на САД и земјите-членки на НАТО да го зајакнат нивниот стратешки офанзивен потенцијал. Попов ги наведе и развивањето на глобалниот систем на противракетната одбрана, усвојувањето на новите стратешки концепти за уппотреба на војската и новите средства за вооружена борба. Тој ситуацијата во Украина ја оцени како нова фаза на политиката „обоени револуции“.
– Тоа е поврзано со појавата на нови воени опасности и закани за Русија, какви што беа случувањата со арапската пролет, вооружениот конфликт во Сирија, како и ситуацијата во Украина и околу неа, наведе Попов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


