Центар за ран детски развој „Слонче“ почна со работа во просториите на ПОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, во рамки на ЈУДГ „Буба Мара“ од општина Аеродром, соопштија од oпштината.
Децата на возраст од 3 до 6 години од Долно Лисиче имаат можност да посетуваат предучилишна програма, со цел да им се обезбеди правилен психо-физички и социо-емотивен развој, се наведува во соопштението.
Центарот за ран детски развој е отворен во соработка со УНИЦЕФ во рамки на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во Аеродром


