| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо 500.000 евра, Груевски од Заев бара 50.000 евра отштета

Наместо првичното барање за оштета во износ од 500.000 евра, одбраната на премиерот Никола Груевски, предовдена од адвокатот Никола Додовски, денеска во судот побара отштета за својот клиент од 50.000 евра.

Во тужбата што ја поведе против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претходно Груевски бараше 500.000 евра отштета.

Во тек е судењето за процесот во кој Груевски го тужи Заев за клевета и навреда откако СДСМ објави аудио снимка на која тврди дека е снимено како Груевски договара нелегална продажба на „Македонска банка“ преку посредник со српскиот бизнисмен Јовица Стфановиќ – Нини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top