| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на два македонски филма – „До балчак“ и „Децата на сонцето“ на 35. издание на „Браќа Манаки“

Милчо Манчевски, македонскиот најуспешен режисер е добитник на наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“ која ја доделува Друштвото на филмски професионалци на Македонија

manaki

Речиси тричасовниот историски спектакл на македонскиот режисер Столе Попов, „До балчак“ и „Деца на сонцето“ ќе ја имаат својата македонска премиера на реномираниот интернационален филмски фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој почнува на 13, а ќе трае до 19 септември во Битола.

На 35. издание на „Браќа Манаки“ во осум програмски катергории ќе бидат прикажани 76 филмови од кои 20 се македонски проекти или филмски копродукции во кои учестува и Македонија. „До балчак“ ќе биде прикажан на 14 септември, еден ден по свеченото отворање на Фестивалот, а социјалната драма на Митриќески ќе биде презеентиран на свеченото затворање на 19 септември. Со ова продолжува традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола.

Од организацискиот одбор на „Браќа Манаки“ уште не го соопштија филмот со кој ќе се отвори фестивалот. Таа информација ќе биде соопштена на 9 септември, кога ќе се знае кој е специјалниот гостин на еден од најстарите фестивали за филмска камера во светот.

– На мое барање, филмот „До балчак“ ќе се прикаже следниот ден, по отворањето. Чинот на свеченото отворање на фестивалот вообичаено трае повеќе од еден час, а филмот е долг два часа и 40 минути. Поради тие причини, јас замолив тој да се прикаже следниот ден – рече режисерот Попов.

manaki1

Годинашниот јубилеј на фестивалот ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ е Англичанецот Крис Менџис.

– Овој фестивал е еден од ретките во светот што ја вреднува естетиката на филмската камера во обликувањето на делото. Низ годините, тој здоби многубројни и искрени пријатели од сите страни на светот и слободно може да кажеме дека „Браќа Манаки“ ужива репутација на еден од најуспешните фестивали – рече Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура.

Таа нагласи дека од 2008 година до денес во категориите долгомтержани, документарни, кратки и анимирани филмови се поддржани преку 156 проекти што учестувале на 616 меѓународни фестивали и освоиле 113 награди.

– Постојано стремејќи се кон подобро, го подготвивиме и ова издание, кое нуди врвни филмови. Повторно носиме легендарен директор на фотогграфија и еден негов помлад колега, кој сигурно чекори кон легендите. Имаме филмски ѕвезди, а најдобрите македонски продукти стапнуваат на платформата на Манаки – рече Лабина Митевска, директорката на фестивалот.

Во трка во гланата програма се 11 наградувани филма, натпреварувачката програма  има девет филма.

Милчо Манчевски, македонскиот најуспешен режисер е добитник на наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

– Неговите филмови освоија повеќе од 40 меѓународни награди, имаа преку 260 филмски прроекции, ги има во филмските енциклопедии и кинотеки. Овие филмови етаблираа нова фаза во современата филмска продукција во Македонија. Глобалниот успех на Манчевски покажа дека нема мали и големи кинематографии, има само мали и големи филмови – изјави Роберт Насков, претседател на ДФПМ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top