| четврток, 6 декември 2018 |

Во морето кај Триполи пронајдени 15 мртви тела

Петнаесет тела на африкански емигранти пронајдени се во неделата во морето близу Триполи во близина на издишен гумен чамец, девет дена откако потона брод при што загинаа околу 170 нелегални африкански доселеници.
-Во текот на рутинско патролирање откривме петнаесет тела како плутаат на петнаесетина километри од Ал Карабола“, околу 60 километри источно од Триполи, изјавил за AFP припадник на крајбрежната стража. „Меѓу телата се две детски и две женски. Ги пронајдовме како плутаат крај издишен гумен чамец“, додал. Според него, најверојатно другите тела потонале на морското дно, во истата област каде што минатата седмица потона бродот со имигранти.

Либиската крајбрежна стража на 22-ри август извести дека 17- имигранти од супсахарска Африка се водат како исчезнати по потонување на нивното пловило во близина на Ал Карабола. По три дена пронајдени беа 170 безживотни тела.

Според податоците на Високата комисија на ОН за бегалци (UNHCR), од почетокот на 2014 година во потрага по опстанок до италијанските брегови пристигнале 100 илјади африкански емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top