| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се најбарaните професии за странци во Германија!

германија

Странците кои доаѓаат да бараат работа во Германија треба да го имаат во предвид фактот кои професии и занимања се барани и дефицитарни. Во таа насока германскиот весник Локал објави листа на најбараните професии за странци.

Најдобра професија за странци кои бараат работа во Германија е инженер. На оваа земја и недостасуваат инженери особено во автоиндустријата, а просечната плата за овој кадар се движи над 70.000 евра годишно.

Германија “кубури“ и со лекари, па така според последните податоци на оваа земја и недостасуваат околу 5.000 лекари, кои мора да се увезат од странство. Платите на лекарите во Германија најчесто се поголеми од оние на останатите кадри со факултетска диплома.

Покрај лекари и инженери, најдобри професии за странци во Германија се и експерт од областа на технологијата и математиката, предавач, водич, инструктор по скијање, спасувачи на базени…

Просечната германска нето плата изнесува околу 2.000 евра, додека негувателките и медицинските сетри заработуваат од 2.000 до 2.2000 евра, но и повеќе во зависност од тежината на работата и додатоците. Висококвалификуваните кадри со работно искуство пак, во просек заработуваат двојно повеќе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top