| четврток, 6 декември 2018 |

Брачен пар од Борнмут прослави 80 години брак (фото)

brak
Брачниот пар Хелен и Морис Кај од гратчето Борнмут, во јужна Англија, прославија вчера 80-години поминати во брак и велат дека тајната на нивниот долг брачен живот лежи во добрината, љубовта и толеранцијата.Хелен има 101, а Морис 102 години, а се венчале во Лондон на 27 август 1934 година.
couple_2871300b

Морис на својата љубена и се додворувал четири години, пред таа да се согласи да се омажи за него. Овој брак е склучен и покрај противењето на мајката на Хелен, која сметала дека нема да потрае.

Имаат четири деца, но едниот син им починал кога имал четири години. Хелен и Морис имат шест внуци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top