| четврток, 6 декември 2018 |

Фасцинантен нов спортски комплекс отворен во Скопје, СЦ „Јане Сандански“ е дом за секој љубител на спортот

Денеска точно напладне Скопје и Македонија добија нов супермодерен спортски комплекс. СЦ „Јане Сандански“ е изграден по светски терк со сите пропратни елементи што ги заслужува еден спортски колектив и посетител во општина Аеродром.
Комплексот во својот состав има голема сала со капацитет од 6500 гледачи која ќе биде дом на машкиот и женскиот ракометен тим Вардар како и на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

 

SRC Jane Sandanski 16 (Custom)
Покрај големата сала, спортистите ќе имаат можност да ги користат и пропратните елементи кои ќе бидат во склоп на центарот. Мала Сала со капацитет од 1000 седишта, четири тениски терени по АТП и ВТА стандарди, сауни, фитнес центар, мултифункционален објект за аеробик и боречки вештини како игротека за најмладите со капацитет од 300 м2.

 

SRC Jane Sandanski 02 (Custom)

 

Во склоп на целиот комплекс е изграден и супермодерен хотел „Русија“. Хотелот преставува објект со модерна архитектура инспирирана од богатата руска историја. Ќе има 61 соба, од кои 28 еднокреветни соби, 26 двокреветни соби, 6 супериор соби, како и еден претседателски апартман. До крајот на годината ќе проработи и спа центар, во кој ќе има руска сауна, базен, хамам, масажи.

 

SRC Jane Sandanski 07 (Custom)

 

СЦ „Јане Сандански“ се изгради за рекорден рок од 16 месеци и е јавно-приватно партнерство меѓу компанијата на Сергеј Самсоненко и Општина Аеродром. Ивенстицијата е вредана 15,2 милиони евра а беа ангажирани повеќе од 20 фирми од Македонија како шест од странство.

 

SRC Jane Sandanski 10 (Custom)
Спортскиот комплекс го отвори премиерот на Република Македонија Никола Груевски заедно со главниот инвеститор Сергеј Самсоненко, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top