Американскиот претседател Барак Обама го одобри извршувањето на разузнавачките летови над Сирија, што е предвесник за евентуални воздушни напади. Белата куќа е се позагрижена за тоа како да бидат преземени одредени мерки против сунитските екстремисти, а сето тоа да не му оди во прилог на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Воени извори, цитирани од весникот, изјавија дека одлуката била донесена за време на викендот и предвидува испраќање разузнавачки авиони со пилоти и беспилотни летала над Сирија.
Според „Њујорк тајмс“ оваа одлука е чекор напред кон директни воени дејстија на САД во Сирија, интервенција, која може да ја промени ситуацијата на бојното поле во земјата, каде се води граѓанска војна.
Весникот информира и дека Египет и Обединетите Арапски Емирати извршувале тајни воздушни напади во Либија изминатите денови врз исламистичките милиции, кои војуваат за контрола на Триполи, а оваа информација ја потврдија и двајца американски високи претставници.
САД не биле известени за тие операции, кои според весникот претставуваат сериозно заострување на борбата за власт во регионот, која избувна како резултат на Арапската пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД