| четврток, 6 декември 2018 |

УС Опен: Ѓоковиќ лесно, Халеп со пресврт во второто коло

Првиот натпреварувачки ден на последниот гран-слем турнир оваа сезона отвореното првенство на САД помина без поголеми проблеми за фаворитите.

BNP Paribas Open

Првиот носител во машка конкуренција и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ доцна синоќа го совлада Шварцман од Аргентина со 3-0 (6-1, 6-2, 6-4) во сетови.
Станислас Вавринка кој оваа година веќе освои еден грен-слем оној во Австралија иако победи со максимални 3-0 во сетови се намачи со својот противник Весели од Чешка бидејќи два сета мораше да игра во тај-брејк. Весели во вториот сет имаше и сет топка, но неискуството си го направи своето и на крај мораше да ги спакува куферите и да си оди од Њујорк.
Од поважните резултати ги издвојуваме:
Мареј – Хасе 3-1 (6-3, 7-6, 1-6, 7-5), Цонга – Монако 3-1 (6-3, 4-6. 7-6, 6-1), Јужњи – Киргиос 1-3 (5-7, 6-7, 6-2, 6-7), Раониќ – Даниел 3-0 (6-3, 6-2, 7-6).

Wimbledon Championships

Кај дамите втората носителка Романката Симоне Халеп мораше да игра три сета за да дојде до победа над Колинс од САД. Таа го загуби првиот сет во тај-брејк, но во продолжението ја покажа сета своја сила и ја декласираше противничата со 6-1, 6-2.
Венус Вилијамс која е двојна шампионка од УС Опен против ветеранката 43-годишната Кимико Дате Крум истотака мораше да игра три сета. Дате Крум го освои првиот сет со 6-2 за потоа Вилијамс со двапати по 6-3 дојде до победа и се пласира во второто коло. Во српксото дерби поискусната Јелена Јанковиќ ја победи Бојана Јовановски со 2-0 (6-2, 6-3). Марија Шарапова без проблеми извојува победа над сонародничката Кириленко со 2-0 (6-4, 6-0).

Резултати прво коло:

Радванска – Фишмен 2-0 (6-1, 6-0), Кербер – Первак 2-1 (6-2, 3-6, 7-5), Петковиќ – Јабеур 2-1 (7-6, 1-6, 6-3), Абанда – Лисицки 0-2 (3-6, 5-7),

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top