| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина се удавија при прелевање на вештачко езеро

turska branaПет лица загинаа, еден се смета за исчезнат, а шестмина се повредени при прелевање на водите од вештачка акумулација во округот Сиирт, во југоисточна Турција, соопшти електронското издание на турскиот весник „Миллиет“.

Загинатите и повредените биле на пикник во близина на браната на вештачкото езеро, иако им било забрането да влегуваат во реонот.

Инцидентот се случил вчера околу 18 часот, кога почнале да свират сирените и била испуштена вода од вештачката акумулација.

Во реонот на инцидентот се испратени многу спасувачки екипи, кои од водата во езерото успеале да извадат шест лица. Шестмината се префрлени во болница.

Пет лица, меѓу кои три деца, меѓутоа, се удавиле. И натаму трае потрагата по едно лице кое се смета за исчезнато.

Компанијата што управува со вештачката акумулација соопшти дека работата се одвивала со вообичаениот режим, немало никаква хаварија, туку била извршена рутинска процедура за испуштање на водата од акумулацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top