| четврток, 6 декември 2018 |

Гостите извлекоа поволни резултати, Марибор на Ибраими ремизираше

agim ibraimi

Марибор на македонскиот интернационалец Агим Ибраими ремизираше против Селтик (1:1), во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Овој резултат ким одговора на Шкотите, но сите дилеми околу патникот во ЛШ ќе се дознаат на “Селтик Парк“ во Глазгов на 26. август од 20:45 ч. Нашиот играч ја одигра целата средба за словенечката екипа, Селтик поведе многу рано преку МекГрегор по асистенцијата на Бергет, но радоста траеше само осум минути, Бохар по додавањето на Филиповиќ успеа да израмни.

Во останатите четири натпревари вечерва гостинските екипи извлекоа поволни резултати по првите 90. минути. АПОЕЛ ремизираше во Данска кај Алборг. БАТЕ Борисов исто така извлече 1:1, иако можеше во Словачка и да оствари победа, но неизвесноста и натаму ја задржа Витек на 10. минути до крајот на средбата во Братислава.

Многу блиску до пласман во најквалитетното европско натпреварување се наоѓаат Порто и Зенит, благодарение на погодоците на Херера и Шатов.

РЕЗУЛТАТИ

Среда:
Алборг (Данска)-АПОЕЛ (Кипар) 1:1 (Томсен 16/Оливеира 54)
Лил (Франција)-Порто (Португалија) 0:1 (Херера 61)
Марибор (Словенија)-Селтик (Шкотска) 1:1 (Бохар 14/МекГрегор 6)
Слован Братислава (Словачка)-БАТЕ Борисов (Белорусија) 1:1 (Витек 80/Јаблонски (автогол) 44)
Стандард Лиеж (Белгија)-Зенит (Русија) 0:1 (Шатов 16)

Вторник:

Бешикташ (Турција)-Арсенал (Англија) 0:0
Копенхаген (Данска)-Баер Леверкузен (Германија) 2:3 (Јоргенсен 9, Амартеј 13/Кислинг 5, Белараби 31, Сон Хјунг-Мин 43)
Наполи (Италија)-Атлетик Билбао (Шпанија) 1:1 (Игуаин 68/Муниаин 41)
Салцбург (Австрија)-Малме (Шведска) 2:1 (Шимер 16, Сориано 54/Форсберг 90)
Стеауа (Романија)-Лудогорец (Бугарија) 1:0 (Кипчу 88)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top