| четврток, 6 декември 2018 |

САД ќе дадат 4,5 милиони долари за „граѓаните“ во Македонија

obama

Околу 12,8 милиони долари во форма на финансиска помош за Македонија побарала администрацијата на Барак Обама во американскиот буџет за 2015 година. Според податоците за плaнираната финансиска помош што САД наредната година ја планираат за странски држави, а објавени на официјалната веб-страница „Форин асистенс“, Македонија најгoлем дел од овие пари, дури 35 отсто, е планирано да ги добие за поддршка на граѓанскиот сектор и невладините организации (околу 4,5 милиони американски долари). Парите, според податоците, во Македонија ќе стигнуваат главно преку американската агенција за поддршка и развој (УСАИД), која потоа ќе ги распоредува по невладините.

Владата на САД планира финансиска поддршка за невладините организации во Македонија секоја година веќе една деценија, а од 2010 година речиси константно се работи за околу 4 милиони долари. Но, ова е втора година едноподруго, сосе тековната 2014 година, во која Стејт департментот предвидува пари за Македонија само во два сектора: мир и стабилност и демократија, човекови права и добро владеење, каде што влегуваат и парите за невладините иако финансиска помош може да се дава и во други сектори (пример, за економскиот развој, за образование и социјала, за здравство…).

Имено, за од 2010 година до 2015 година, како финансиска помош за демократијата во Македонија биле планирани речиси 45 милиони долари. Приближно толку пари се планирале и за одбраната. До 2013 година, американската влада на Македонија ~ давала и финансиска помош во други сектори, на пример во 2013 година за економски развој понудила 4,1 милиони долари, во 2011 година – 2,1 милиона долари отишле за образование и социјала, а дури 8,3 милиони долари за економски развој. Најголема финансиска помош Македонија добила во 2010 и 2011 година, кога биле планирани по 28, т.е. 28,9 милиони долари.

Повеќе на Дневник.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top