| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија бара менаџери, возачи, техничари

Der Euro kommt: Ab 1. Januar 2002 offizielles Zahlungsmittel

Квалификувани работници им фалат на швајцарските фирми. Се бараат работници, менаџери, возачи, техничари…, а секоја трета фирма во 2014. година имала проблем со пронаоѓање на адекватни кадри, покажува студијата на компанијата Менпауер Суис, специјализирана за привремени вработувања.
Со проблеми во вработувањето на потребни кадри оваа година се соочиле 33 отсто од анкетираните компании.

Швајцарските претприемачи, освен недостатокот на лица од наведените професии, пријавуваат недостаток и на стручни финансиски лица.

На шестото место се наоѓаат трговските претставници, откако минатата година тие привремно исчезнаа од оваа листа.

На седмата позиција се хотелските и ресторански работници, пред секретарите и административните службеници, кои минатата година беа на третото место.

На деветата позиција се инженерите, а на последната позиција се проект-менаџерите кои на листата со дефицитарни кадри не биле од 2010 година.

Главните причини за недостаток на работници од овие професии не се променети во однос на минатогодишните. Компаниите повторно наведуваат недостатокот на специјализираните струки и соодветни сертификати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top