Доколку не сте сигурни дека мажот е среќен во вашата врска, едноставно што треба да направите е да го набљудувате. Делата ќе покажат повеќе од зборовите. Доколку видите некој од овие знаци, значи дека тој навистина се чуствува добро со вас.
Ве поканува секаде
Кога еден маж не е доволно заљубен во девојката, обично гледа се почесто да излегува со пријателите или колеги без да ја земе и неа. Ако во вашиот случај тој секогаш бара да го придружувате, тоа со сигурност кажува дека му е пријатно во вашето друштво.
Не пропушта да ве пофали за нешто
Дури и на шега! Ако не ја пропушта шансата да каже колку златна девојка има, значи тој навистина се гордее и е среќен што сте со него.
Си доаѓа навреме од работа
Дури гледа и порано да заврши и право дома. Немаше да го прави ако не се чувствува добро кога сте заедно, зар не?
Постојано сака да имате секс
Велат дека мажот секогаш сака да има секс. Но, во случај ако вашето момче се возбудува само од еден бакнеж или додека ве гледа, тоа кажува дека или сте супер секси или има доста силни чувства кон вас. А, можеби и двете..
Редовно ви приредува романтични изненадувања
Дел од претставниците на посилниот пол се многу романтични. Милите и оригинални изненадувања едноставно им доаѓаат одвнатре. Но, ниту еден маж нема да го губи времето ако навистина не се чувствува среќен и исполнет.
Брзо ви опростува
Да признаеме, кога жените сме лути, често зборуваме остри и лоши работи. Ако после некоја таква постапка тој не ви се лути долго дури и не се сеќава дека сте се карале, сигурно му е добро со вас. И никаков скандал не може да го промени тоа.
Кога стане збор за иднината, тој вели „Ние!“
Специјално тоа е знак, кој секоја жена го посакува, но не секогаш му придава потребното значење. Девојки, верувајте дека еден маж никогаш, ама навистина никогаш нема да прави општи идни планови со вас, ако не се чувствува среќен во врската. Ќе најде начин да не се искажува конкретно, но нема да зборува вашата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.