Американската невладина организација „Хјуман рајтс воч“ објави извештај за напредокот на неонацизмот во Грција и во Унгарија.
Во документот под наслов „Не сме нацисти, но…“, организацијата врз основа на факти и сведочења го опишува напредокот на Златна зора во Грција и неонацистичката формација Јобик во Унгарија.
Авторите остро ги критикуваат владите на двете земји, како и САД, Германија и ЕУ, истакнувајќи ја потребата од итна интервенција за да се спречи ескалирањето на расизмот, ксенофобијата и фашизмот.
Во извештајот се наведува дека во 2011 година партијата Златна зора била спонзорирана од богат сопственик на локална компанија и иако тој бил член на Нова демократија, сакал Златна зора да освои добри резултати на изборите во 2012 година за да се стави крај на проблематичното коалициско владеење меѓу ПАСОК и Нова демократија. Бизнисменот изјавил дека Златна зора е воен ешалон на Нова демократија, признавајќи дека дал над 1.500 долари за воени униформи на нејзините активисти.
Сведокот тврди дека локална компанија ги снабдувала со оружје членовите на Златна зора.
– „Криминална организација“ е вистинското име за оваа партија, бидејќи „Златна зора“ формирала војска и одржувала врски со полицијата, која имала наредба да не ги „забележува“ нејзините членови, тврди според ХРВ поранешен член на „Златна зора“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција